Ултраси на Наполи и Јувентус се „пресметаа“ на улица во Неапол (ВИДЕО)

Јувентус и Наполи утре во 20.45 часот ќе играат во големото дерби на Серија А по кое може да биде одлучен шампионот. 

Навивачи од двата клуба се сретнаа на една улица во Неапол. Откако прво пееја навивачки песни, потоа се стрчаа едни кон други, а она што се случи потоа ги шокираше сите. 

Наместо да се тепаат, како што тоа го прават хулиганите, овие навивачи почнаа да се гушкаат. Во еден глас почнаа да пејат, „ние сме против насилство“. Очигледно навивачите сакаат се да мине во најдобар ред, пред утрешното големо дерби, што се игра во Торино и да нема никакви тепачки помеѓу навивачките групи.