Украински хулигани збеснаа: Го фрлија директорот во контејнер и го возеа по улици (ВИДЕО)

Навивачи на украинскиот прволигаш Десна ја шокираа домашната, ама и европската јавност, откако директорот на стадионот на кој игра овој клуб Гагарин Олександер Очаренко, го фрлија во контејнер и го возеа по улиците.

Хулиганите збеснале после најавите дека Очаренко, кој раководи со стадионот од неодамна откако најавил дека ќе му забрани на тимот да игра на стадионот. Лути поради ваквите најави, навивачите решиле да ја преземат работата во свои раце, па го „возеле“ директорот во контејнер за да се опамети.

Тие влегле во неговата канцеларија и го извлекле оттаму, па го фрлиле во контејнерот и потоа почнало возењето. Директорот здобил полесни повреди на главата.