Украинци запалиле обележјe на Србија на трибините (ФОТО)

Украина ја декласираше Србија со 5-0 во рамки на квалификациите за Евро 2020 , но домашните навивачи фрлија дамка врз натпреварот бидејќи скандираа погрдни зборови кон нашиот северен сосед.

Освен тоа, на интернет се појавија фотографии како дел од навивачите палат шал на репрезентацијата на Србија, а тоа ја налути јавноста.