УЕФА го казни Ловрен поради објава на социјалните мрежи!

Фудбалерот на Ливерпул, Дејан Ловрен е казнет со еден натпревар казна за репрезентацијата на Хрватска поради коментари на социјалните мрежи.

Ловрен објави видео на Инстаграм, во кое го исмејува стоперот на Реал Мадрид, Серхио Рамос сонавредлив коментар за шпанската репрезентација.

Исто така, на новинарите по мечот им кажа дека Шпанија е „непристојна на теренот“ и дека тие се обични губитници.

УЕФА објасни дека Ловрен ја прекршил клаузулата во дисциплинските правила, според кои е казниво секое „однесување кое е навредилов или на било кој друг начин ги крши основните правила на пристојното однесување“.

Ловрен е суспендиран за првиот меч на следното натпреварување на Хрватска, а тоа е квалификацискиот турнир за ЕП 2020 година.