Трол на векот: Откриено зошто Србија не доби пенал против Швајцарија (ФОТО)

Србија доживеа несреќен пораз против Швајцарија со 2-1, но ситуацијата за која најмногу се крена „прашина“ беше прекршокот врз Александар Митровиќ од двајца швајцарски фудбалери, кој не беше досуден.

Швајцарците го држеа Митровиќ во казнениот простор, но главниот судија на досуди пенал, а не сакаше ниту да се консултира со ВАР-судиите.

Иако големиот број од навивачите испратија критики и кон судиите, и кон ФИФА, сепак има и такви кои решија да се пошегуваат на сметка на видео-технологијата, па објавија фотографија на која може да се забележи дека судииите се посветени на видео-играта „Фортнајт“.