„Тргни се од кошарката, пробај со проституција во Турција да заработиш“

Една од најсексапилните кошаркарки во моментов, Србинката Милица Дабовиќ откри сериозен скандал со селекторката на српската женска кошаркарска репрезентација Марина Маљковиќ, откако оваа не ја повикала во националниот тим на неодамна завршеното ЕП во Белград на кое Сринките ја освоија бронзата.

Дабовиж, која честопати на социјалните мрежи објавува секси фотографии, на својот инстаграм профил откри какви навреди добила од селекторката, кога и порачала дека сака да се врати во националниот тим.

„И пријдов и гордо и реков: 'шефице, сакам да се вратам и да играм за репрезентацијата во Белхград. Ќе бидам подготвена, сакам да тренирам, да гинам на паркетот'. И таа само во еден здив му порача дека нема да играм и дека нема потреба повеќе да играм кошарка. Ѝ реков дека се враќам после породување и дека парите ќе си ги заработам повторно со својот труд и својата работа. Го држев во раце четиримесечниот син во раце, кога таа само ладно ми рече: „тргни се од кошарката, пробај со проституција тука во Турција за да заработиш. После ќе те вработам за две години“, објави Дабовиќ.