Тренираат ли за гостување во Русија? И шпански хулигани се тепаат на „ферка“ (ФОТО)

Како се наближува Светското првенство во Русија летово, така федерациите на земјите учеснички ги прават последните подготовки за националните тимови за еден месец да ги започнат завршните подготовки пред настапот на Мундијалот, ама подготовки имаат и хулиганите низ светот.

Едни од нив, почнаа да тренираат „ферки“ - десетмина на десетмина. По руски принцип, со цел спремни да го дочекаат Мундијалот и да одговорат на предизвикот, ако се најдат во таква ситуација. Иако звучи чудно, посебно дека станува збор за шпански хулигани, кои не се толку во фокусот како „првата лига“, пред синоќешниот меч во Малага се судриле ултраси на Малага и на Реал Мадрид.

Имале „ферка“ на ливата, познатата Ултрас Сур, најжестоката група на „кралевите“ и „Ла Коста Ностра“, ултрасите на андалузискиот тим. Сега останува прашањето дали решиле да се пресметаат за да покажат кој е подобар, или добро да се загреат затоа што некои од нив ќе одат во Русија во јуни, па ќе треба да бидат подготвени да се соочат со предизвикот ако добијат ваков тип на понуда за пресметка.