Тренинг на „Кралот на шлаканиците“: Изгледа шашаво, ама ривалите ги праќа на – спиење (ВИДЕО)

Русинот Васили Камотски пред извесно време беше интернет-сензација, откако стана првиот светски шампион во удирање шлаканици, но пред крајот на годината неочекувано го претрпе првиот пораз па сега напорно се подготвува за камбек на светската сцена.

Негова цел е да го предизвика момчето кое го победи, Вјачислав Зезулија и да му се реваншира на ист начин. Поради тоа, Камотски напорно тренира и тоа со удирање шлаканици на – боксерска вреќа. Можеби изгледа шашаво, ама неговиот удар најчесто ги испраќа противниците на спиење.

 

 

А, токму поради тоа го доби и прекарот – Руската мечка.