Тренерот на Бешикташ ќе помине само со неколку конци на главата (ВИДЕО)

Реванш-натпреварот во полуфиналето на турскиот куп меѓу Фенербахче и Бешикташ беше прекинат поради однесувањето на домашните навивачи.

Навивачите на Фенербахче го удрија со тврд предмет тренерот на Бешикташ Шенол Ѓунеш во глава, а снимките од повредениот тренер веднаш се појавија на социјалните мрежи.

Сепак, како што јавуваат медиумите од Турција, состојбата на Ѓунеш е стабилна и наскоро ќе биде пуштен на домашно лекување.