Трагедија во Франција: Навивач на Алжир со автомобил прегазил цело семејство!

Репрезентацијата на Алжир синоќа по пенали го елиминира Брегот на Слоновата коска и се пласира во полуфиналето на Африканскиот куп на нации.

Се славеше победата меѓу навивачите долго во ноќта, но еден навивач на Алжир во Франција направи инцидент, откако ја загубил контролата врз своето возило и прегазил цело семејство. Жената смртно настрадала, а нејзините деца се во тешка здравствена состојба.

Навивачот на Алжир возел со голема брзина пред да се случи несреќата.