Тотално лудило: Торцида среде Загреб ги нападна БББ – едно кафуле демолирано (ВИДЕО)

Повеќе од една година трае невиденото лудило помеѓу сплитска Торцида и загрепски Бед Блу Бојс, во кое нема момент ако не се сретнат жестоко да не се пресметаат. И ако до пред една година, многу често тоа се случуваше на автопат, сега веќе почна да се прелева и по градските улици и тоа најчесто во престолнината – Загреб.

Вообичаено тешко дека ривалска група може да направи таков напад во градот на својот противник, ама Торцида во последно време неколкупати ги напаѓа БББ во нивниот град. Еднаш дојде и до главното собиралиште, а сега сплиќано начекаа бојси во едно кафуле и почнаа таква жестока тепачка во која кафулето беше буквално демолирано.

Во тепачката се користеше сè и сешто, а нема информации за повредени, овен дека 20-на хулигани се приведени. Од нив, 15-на од Торцида и петмина од БББ. Инцидентот се случил на Трешњевка, каде БББ се загревале за да одат на меч на фитсал тимот Динамо, а Торцида доаѓала на меч на Хајдук со Локомотива. И комбињата со хулиганите од Сплит веднаш застанале, па навивачите на Хајдук им се пуштиле на помалкубројните загрепчани.

Камерите успеале да фатат се од пресметката, која делува навистина жестоко.