Тотално лудило: Навивач на Јунајтед на аукција купи дрес од Агуеро и го – искина пред сите (ВИДЕО)

Дека англиските навивачи се тотално луди, најдобар доказ е овој приврзаник на Манчестер јунајтед, кој потроши 200 фунти за да направи потег по кој сите останаа подзинати. Најголемиот дел од јавноста ќе каже дека тој најглупаво ги потрошил парите, а тој како страствен приврзаник на „црвените ѓаволи“ вели – најслатко потрошени пари.

Навивачот учествувал на една хуманитарна аукција, на која на ред дошол да се продава дрес на аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро од ривалскиот Манчестер сити. Мајкл Куни на аукцијата ја дал најголемата понуда за дресот од – 200 фунти. И го доби дресот. Кога стана да го земе, пред сите го – искина.

Луѓето збунето гледаа, а никој не знаеше дека е навивач на Јунајтед. Брзо им објасни, па дури и додаде дека се најдобрите 200 фунти што ги потрошил во животот. Причина за потегот било тоа што, Куни не можел да го преболи трилерот од последното коло во 2012 година кога Агуеро во 95-та минута даде гол со кој Сити стана шампион и практично му ја зема тутулата од рака на Јунајтед.