Тотално лудило: Детски хокеј-меч се претвори во - масовна тепачка! (ВИДЕО)

Хокеарски меч на деца на возраст од 11 години во Русија беше прекинат поради тепачка меѓу членовите на двете екипи.

Немили сцени беа забележани за време на дуелот меѓу Волгар и Лада, а засега не се познати точните причини за пресметката на детскиот натпревар.

Натпреварот веднаш беше прекинат, а судиите и тренерите очајнички се обидуваа да ги запрат децата против кои сигурно ќе бидат преземани дисциплински мерки.