Тотален лудак: Се обложи Ц.Звезда да биде европски првак и тоа со – солена сума!? (ФОТО)

Навивач на белградска Црвена Звезда покажа дека е тотално луд, откако на обложувачница стави 10.000 динари (85 евра – 5.000 денари) и тоа дека првиот аутсајдер сезонава во Лигата на шампионите, белградските црвено-бели ќе станат европски прваци.

Тешко дека некој може да ја сфати логиката да потроши пари со кои можел слободно да си купи еден пар патики Адидас или Најк, ама тој тргнал буквално да ги фрли парите за џабе, затоа што ни најголемиот оптимист не верува дека таква сензација е можна. Уште помалку што тешко дека Ц. Звезда ќе ја мине групата со француски ПСЖ, европскиот вицепрвак Ливерпул и италијанскиот вицешампион Наполи.

Е сега, неговите 10.000 динари, како најголем оптимист, ќе се надева дека може да му донесат 20 милиони динари или 169 илјади евра.