Тошиќ ѝ го прости неверството на Карлеуша па за роденден ѝ купи- јахта!

Српската јавна сцена ја „потресе“ скандалот со неверството на турбо-фолк ѕвездата Јелена Карлеуша, која е во брак и има две ќерки со репрезентативецот Душко Тошиќ, откако во јавноста излегоа сочни детали од нејзината речиси двегодишна љубовна афера со Огњен Врањеш, репрезентативец на БиХ.

Неколку месеци целата секс-афера беше топ тема во Србија, но очигледно на крајот Тошиќ ѝ го прости неверството на Карлеуша, па за нејзиниот роденден сега и купи – јахта од 800.000 евра. Српскиот репрезентативец е фудбалер на кинески Гвангжу.

„Душко долго размислувал што да ѝ купи на Јелена за роденден. Сакаше тоа да биде досега најгламурозниот подарок и се реши за јахта. Знае дека летото е најомилениот период на Јелена, дека таа обожава море, па така и сфати дека тоа би бил најдобриот подарок. Плус како семејство ќе може да крстарат каде сакаат. Но, голем удел во изборот имале и неговите две ќерки Атина и Ника, кои од мали се научени на многу патувања поради честите промени на клубовите на Душко, а во последно време во еден разговор му кажале дека би сакале почесто да одат на крстарења заедно. Сето тоа пресудило Душко да ѝ купи јахта на Јелена“, објавил за српските медиуми извор близок до семејството на српскиот репрезентативец.