Тенисер збудале во карантин во Австралија, па сам себе си се – погреба (ВИДЕО)

Во пресрет на првиот годинешен гренслем-турнир Австралија опен, тенисерите го „одработуваат“ задолжителниот двенеделен карантин, кој секому различно му паѓа, пред сѐ поради тешките услови кои се соочуваат во делот на немањето прозорци, адекватна храна и услови за тренинг.

Ваквите затворски услови донесоа дел од нив буквално и да збудалат, како што е примерот со што е примерот со уругвајскиот тенисер Пабло Куевас, кој секојдневно објавува разни приказни на Инстаграм, меѓу кои има и такви кои во најмала рака се контроверзни. Тој е фотографиран како сурфа на душекот во собата и како прави журка со пиво од брендот „Корона“, но и како лежи во болничка соба приклучен на апарати во предсмртна состојба.

Црниот хумор на Куевас „експлодира“ откако постира смешно видео од африкански погреб што изминативе месеци кружеше на интернет, сместувајќи се себе си во ковчегот наменет за покојникот.