Телевизија го цензурираше грбот на Јунајтед зашто содржел - сатански симбол (ВИДЕО)

Дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите меѓу Манчестер јунајтед и ПСЖ привлекува големо внимание ширум светот, а пред мечот се случи бизарна ситуација во Иран.

На една иранска телевизија решија да не го користат оригиналниот грб на Јунајтед, туку негова стара верзија, а причината е токму ѓаволот кој се наоѓа во средината на грбот, кој Иранците решија да го цензурираат зашто сметаат дека тоа е - сатански симбол.