Тајсон во хотелска соба истепал - седум проститутки!

Мајк Тајсон е повторно во центар на внимание поради тоа што се посвети на напорни тренинзи, а притоа откри и досега непознати детали од неговиот живот.

Во разговор со медиумите, Тајсон откри дека истепал седум проститутки додека се дрогирал.

„Никогаш не сакам да лежам сам на креветот на хотелската соба, па секогаш покрај мене имаше куче или проститутка. Ова навистина беше мрачна епизода. Во хотелот бев со седум жени, а покрај мене имаше морфиум, кокаин, некои апчиња, марихуана и други работи... Тогаш го допрев дното. Бев параноичен, па мислев дека сакаат да ме ограбат. Почнав да ги удирам затоа што н сакав да си ја предадам душата“, открива Тајсон.