Кануистка докажа дека не се допингувала, ја заразил партнерот со - телесни течности?!

Канадска натпреварувачка во кану доби допинг случај, откако успеала да ја убеди комисијата дека нејзиниот позитивен тест бил предизвикан со контаминација на телесни течности од нејзиниот партнер.

Меѓународната кану федерација ја заврши истрагата против светската шампионка Лоренс Венсан-Лапуант, чиј допинг резултати во јули беа позитивни на стероиди, по што таа се соочи со четиригодишна суспензија.

Таа и нејзиниот адвокат детално ја претставија лабораториската анализа на косата на нејзиното тогашно момче и така покажале дека тој е одговорен за течноста во нејзиниот примерок.

Количината на таа супстанција во резултатите можеле да стигнат од телесни течности кои ги разменила со тогашниот партнер.

„Доказот на госпоѓицата е прифатен и така е докажано дека таа е жртва на контаминација од трета страна“, пишува во соопштението, по што таа се враќа на натпреварувањата.

Правната дебата е слична на таа во која учествуваше и францускиот тенисер Ришар Гаске.Судот за спортска арбитража ја прифати одбраната на Гаске дека во ноќен клуб во Мајами бакнал жена која земала кокаин, по што неговиот допинг тест бил позитивен.

Венсан-Лапуант беше речиси шест месеци суспендирана и поради тоа го пропушти Светското првенство минатата година, кое беше квалификационо за Олимписките игри во Токио.