Судијата нападна момче во хрватското пионерско Куп-финале! (ВИДЕО)

Тежок скандал се случи во хрватскиот град Славонски Брод. Судијата Чуљак нападнал еден од фудбалерите на Хајдук. Пионерите на Осијек и Хајдук денеска го одграа финалето на купот на Хрватска. Осијек победи со 3-1, но за жал натпреварот остана во втор план. Сега се очекува жестока реакција на Хрватската фудбалска федерација, но овие сцени ги згрозија љубителите на фудбалот.