Судија во Португалија прекина натпревар за да оди во - тоалет! (ВИДЕО)

Несекојдневна ситуација се случи на дуелот помеѓу Чавез и Национал во португалскиот шампионат. 

Помошникот судија на стартот на второто полувреме мораше да оди во тоалет, па го замоли главниот судија да го прекине натпреварот.