Судија доживеа срцев удар среде меч, кошаркар му го спаси животот (ВИДЕО)

Судијата Џон Сили доживеа срцев удар на меч од разигрувањето во кошаркарскаталига на Њујорк, помеѓу Џејмстаун Џакалс и Толедо Глас Сити, па животот му го спаси кошаркарот на Толедо, Мајлс Копланд, кој работи како пожарникар.

Сили се сруши на терен пред крај на првата четвртина, па Копланд прв скокнал да му помогне додека бил на клупата за резерви, а арбитарот падна практично пред него.

„Од клупа видов како паѓа судијата и ми проработе инстинктот. Прво му го проверив пулсот, а потоа дали дише. Зашто немаше пулс, почнав со процес на оживување за што поминав обука. Јас сум пожарникар, во слободно време играм кошарка, така да на крај и добро излезе зашто некому му спасив живот“, вели Мајлс.

Со брза помош судијата Сили потоа беше префрлен во болница, мечот се доигра, а тој е во добра состојба.

„Ми се јавија од неговото семејство и ми се заблагодарија што го спасив. Но, тоа ми е и работа, иако би сакал ова да е последен пат некого да оживувам. Ми рекоа дека е стабилно и само се надевам дека сѐ ќе биде добро“, додаде Мајлс.