Суарез се обиде на секаков начин да добие жолт картон, но не му успеа! (ВИДЕО)

Актуелниот лидер во шпанската Примера, Барселона во саботата ја победи Жирона со 6-1 и повторно ја зголеми својата предност на табелата, но беше забележана една чудна ситуација, во која главен актер беше напаѓачот Луис Суарез.

Иако постигна хет-трик на дуелот, а притоа имаше и две асистенции, тој беше „одличен“ и во работи, кои немаат голема врска со фудбалот, поточно цел натпревар беше на работ да добие жолт картон.

Суарез направи неколку прекршоци и во една ситуација пред очите на судијата намерно играше со рака, но не доби никаква казна.