Страшни сцени во Грац: Навивачи му ја расцепија главата на судијата (ВИДЕО)

Натпреварот од квалификациите во Лигата на Европа помеѓу Штурм Грац и АЕК Ларнака беше прекинат во финишот бидејќи беше погоден помошниот судија.

Него го погодија навивачите со шише од трибините и тој остана да лежи на теренот. Натпреварот беше прекинат, а главниот судија ги испрати играчите во соблекувалната. Но, по долго пауза натпреварот продолжи понатаму.


Инаку, токму на овој натпревар нашиот интернационалец Иван Тричковски го постигна 12. гол на европска сцена и така стана најдобар стрелец во историјата на кипарскиот клупски фудбал.