Стоичков со пушка во раце ја чека Рома: Уживав додека ловам волци! (ФОТО)

Рома вечерва игра против ЦСКА Софија во меч од второто коло од групната фаза во Лига Европа. Вечерашниот мече на интересен начин го најави поранешниот фудбалер на Барселона, Христо Стоичков, но тоа не им се допадна на Италијанците.

Стоичков настапуваше за ЦСКА и кажа дека ги следи настапите на тимот, па порача дека вечерва ќе биде поддршка за тимот од Софија, а имаше и порака за Рома.

„Секогаш сакав да ловам волци. Среќно ЦСКА“, напиша Стоичков.