Стадион во САД го снема од мапата: За неколку секунди стана прав и пепел! (ВИДЕО)

Американците градат и уриваат стадиони како од шега. Утрово го снема од мапата стадионот на НФЛ-тимот Атланта фалконс, „Џорџија дом“.

Не дека нешто му фалеше или дека не чинел, едноставно е „стар“, ако ги прашате Американците, а изграден е во 1992 година.

Го урнаа со контролирана експлозија во која искористиле два тона динамит! Целиот настан е снимен, а глетката е запрепстувачка.

Неговата улога ја менува новата „Мерцедес бенз“ арена, вредна 1,6 милијарди долари. На неа ќе играат Атланта фалконс и фудбалскиот тим на Атланта јунајтед која е најпосетениот тим во МЛС-лигата, а ќе собира 71.000 публика, со можност за проширување до 83.000.

Стариот стадион имаше капацитет од 74.000 места