Српските коментатори: Кога веќе нудите, дајте една гарсониера во Охрид! (ВИДЕО)

Сретен и Стеван, српските коментатори на спортскиот канал „Арена“, откако станаа ептен популарни кај македонскиот народ по Ф4 во Келн, каде што Вардар вторпат ја освои европската круна, сега се главни и кај српските медиуми. Па така, во еден шеговит разговор за „Мондо“, опишаа колку биле „бомбардирани“ од Македонците на социјалните мрежи, а во шега побараа и гарсониера во Охрид, откако некои им понудија стан во Скопје и доживотно снабдување со ајвар...