Српски репрезентативец остана без девојка: Манекенката му раскинала по телефон?

Иако во соседна Србија очекуваа дека српскиот репрезентативец Адем Љаиќ, актуелен фудбалер на Торино и екс-играч на Манчестер јунајтед ќе се венча со една од најубавите српски манекенки Софија Милошевиќ, сепак, наместо брак се случила разделба, објавија медиумите кај северниот сосед.

Љаиќ и Милошевиќ биле во љубовна врска три години, ама врската им западнала во криза од пролетва поради големиот ангажман на фудбалерот, кој беше дел од српската селекција на СП во Русија и поради оддалеченоста на крајот решиле и да се разделат.

Наводно, како што објавија дел од таблоидите, Милошевиќ му раскинала на фудбалерот по телефон, откако решила да му се јави и долга конверзација околу нивната врска од средината на април годинава наваму да стави крај на тригодишната врска, одлука со која се сложил и самиот Љаиќ.

Засега ниту Милошевиќ, која ќе глуми во третата сезона од серијата „Убиците на мојот татко“, ниту Љаиќ не ги демантирале, ниту пак ги потврдиле пишувањата на српските таблоиди.