Сред натпревар си го провери мобилниот, па истрча да брани! (ВИДЕО)

Точно е дека социјалните медиуми се значаен дел од секојдневието, особено на популарните фудбалери, меѓутоа Сантос, голманот на Атлетико Параненсе ја претера.

За време на натпреварот со Атлетико Минеиро, додека неговите соиграчи (веројатно) беа во напад, тој си го извади мобилниот телефон и си проверуваше нешто. Погледна напред да види до каде е работата, а откако (веројатно) топката тргна кон неговата половина, го остави и се врати меѓу стативите. Можеби ова е една од причините што Параненсе загуби од Минеиро со 1-2 и тоа со пресврт во второто полувреме.