Србите ќе збеснат кога ќе слушнат што пееја навивачите на Англија во Косово (ВИДЕО)

Навивачите на Англија и на Косово се дружеа заедно во Приштина ноќта пред натпреварот.

Англичаните денес му гостиуваат на Косово, дуел кој ќе стартува во 18 часот, а нивните приврзаници вчера пристигнаа во Приштина. Таму беа пречекани од љубезните домаќини, а вечерта кога алкохолот почна да дејствува почнаа скандирањата против Србија.

Е*и се Србија, пееја Англичаните заедно со косовските навивачи.

Снимките се појавија на интернет, а навивачите на Англија свесно или не знаејќи им се придружија на Косоварите во обид да го испровоцираат населението од Србија.

Инаку, Англичаните беа фасцинирани од начинот на кој беа пречекани во Косово.