Србин ја хакирал играта „ФИФА“ и си присвоил 324.000 долари

Мартин Маршиќ од Србија е упасен на аеродром во Сан Франциско поради хакирање на видеo-играта „ФИФА“. 

25-годишниот Србин нелегално дистрибуирал 17.000 хакирани копии на видео-играта, а исто така на 8.000 корисници им продал виртуелни пари, кои се користат во играта. На тој начин Маршиќ заработил 324.000 долари. 

Минатата среда тој бил уапсен, а веќе во петокот почнало и неговото судење откако бил уапсен по налог на ФБИ. Доколку биде осуден може да добие затворска казна од пет години и парична казна од 250.000 долари.