Спектакл во Белград: 22.000 дечиња на мечот Партизан - АЗ Алкмар! (ВИДЕО)

Партизан вечерва игра на домашен терен против АЗ Алкмар во првото коло од групната фаза во Лига Европа, но српскиот клуб доби казна да игра без поддршка на публиката.

Сепак, УЕФА објасни дека на стадионот на Партизан вечерва може да влезат само навивачи помали од 14 години. Па, поради тоа навистина неочекувано е тоа што на дуелот се појавија дури 22.000 дечиња.

Во соработка со различни училишта од цела Србија во Партизан направија прекрасен потег и им дадоа можност на децата да присуствуваат на мечот.