Сопругата на Колашинац поради закани побегнала од Лондон

На крајот на јули се случи инцидент на улиците на Лондон, откако крадци ги нападнаа Месут Озил и Сеад Колашинац со ножеви.

Тие двајца фудбалери сега се наоѓаат во големи проблеми, откако крадците веќе некое време се обидуваат да им наштетат.

Поради сите тие проблеми Арсенал не ги зема фудбалерите на гостувањето во Њукасл, а во четвртокот пред куќата на Озил биле уапсени две осомничени лица.

Од друга страна, сопругата на Колашинац била преплашена поради заканите, па избегала во Германија, кадешто ќе остане додека не се среди целата ситуација.