Со копачка в лице го нокаутира противникот, па тргна да се тепа со неговите - соиграчи (ВИДЕО)

Синоќешниот дерби-натпревар од унгарското првенство помеѓу Ференцварош и Ујпешт (2-0) нема да се памети само поради триумфот на домаќинот, туку пред сѐ поради крвничкиот старт на фудбалерот на овој тим, Абрахам Фрипонг, пред самиот крај кога прво заби копачка во лицето на еден од ривалите, а потоа тргна да се пресметува со неговите соиграчи.

Станува збор за поранешен дефанзивец на Црвена звезда, кој за дивјачкиот старт доби директен црвен картон. Но, како да не му беше доволно тоа, Фрипонг сакаше да се тепа со фудбалерите на Ујпешт кои имаа што да му кажат за неспортскиот потег со кој го онеспособи нивниот соиграч.

А, колку беше страшен стартот на фудбалерот на Ференцварош најдобро покажува реакцијата на голманот на овој тим, кој буквално не можеше да гледа фаќајќи се за глава во моментот на ударот.