Снимка од нападот на Мекгрегор врз еден обожавател (ВИДЕО)

Драмата околу Конор Мекгрегор и неговиот инцидент во Мајами продолжува. Во четвртокот се појави снимка на која се гледа човек, како гази еден телеон.

Жртвата на нападот Ахмед Абдирзак тврди дека токму тоа е снимката од нападот врз него и уништувањето на неговиот телефон.

Абдирзак од Мекгрегор бара повеќе од 15.000 долари отштета, па го обвини ирскиот борец за физички напад, емотивен стрес и уништување на личен предмет.