Скандалозен пенал во Турција: Фудбалер си ја зема топката како да е голман (ВИДЕО)

Фудбалерите на Галатасарај претходниот викенд одиграа 1-1 против Кајзериспор во рамки на деветтото коло од турската Суперлига.

Галатасарај постигна гол за водство во 63. минута од пенал, но во центар на внимание е начинот на кој беше направен истиот.

Мудгат Челик на бизарен начин двапати играше со рака, по што доби црвен картон, а сега се појавија обвинувања дека тоа намерно го направил.

Овој фудбалер во минатото го носеше дресот на Галатасарај и тоа е клуб за кој навива од дете, па сега го обвинија дека сакал да му помогне на поранешниот клуб.