Скандал во Англија: Тројца фудбалери брутално претепале судија (ФОТО)

Голем скандал се случи во една од послабите лиги на Англија, откако тројца фудбалери претепале еден судија.

Фудбалскиот судија од Англија, Даниел Свини бил тепан од страна на фудбалерите на Мулингар Таун.

Му ја скршиле вилицата, а има и тешки повреди по главата, а му настрадал и носот.

Претепаниот судија доби голема поддршка на социјалните мрежи, но полицијата уште ги нема уапсено напаѓачите.