Синот на тренерот на Барса со чудна изјава: Кравите ми рекоа дека ќе ја освоиме ЛШ (ФОТО)

Фудбалерите на Барселона без поголеми проблеми ја минаа осминафиналната пречка од Лигата на шампионите наречена Наполи и веќе се фокусираат на следниот противник, Баерн Минхен, во меч закажан в петок во склоп на Ф8-турнирот што ќе се одржи во Лисабон.

Каталонците, сепак, нема за што да се грижат, ако се суди според претскажувањето кое синот на тренерот на овој тим, Кике Сетјен, го доби од – кравите на својот ранч.

„Кравите добро знаат фудбал и ми кажаа дека Барселона ќе ја освои ЛШ“, порача наследникот на предводникот на тимот од „Камп Ноу“.