Хрватските медиуми пишуваат дека претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз, Давор Шукер во последно време е близок со Кристина Брало, со која наводно е во љубовна врска.

Шукер е 25 години постар од Брало, но тоа очигледно не им е никаков проблем, а неодамна за хрватските медиуми девојката призна дека го познава првиот човек на хрватскиот фудбал.

Засега не се потврдени шпекулациите дека тие се во врска, но речиси сите медиуми во регионот објавија дека се во љубовна врска.