Што направи човеку: Промаши од невозможна позиција! (ВИДЕО)

Речиси нема држава во која епидемијата на коронавирусот не ги прекина фудбалските натпреварувања, а единствен исклучок е лигата на Белорусија, во која денес завршија натпреварите од второто првенствено коло.

Еден од поинтересните дуели се одигра меѓу Ислох Минск и Смолевич, во кој домаќинот славеше со 1-0. Сепак, гостите лесно можеа да дојдат до бод на овој меч.

Најголем визно вник за тоа што резултатот не заврши 1-1 е Иван Верас, кој промаши празен гол од неверојатна ситуација. Голгетерот на Смолевич имаше зицер за својата екипа во 26. минута, голманот истрча и направи грешка, но Верас не успеа да ја погоди мрежата на домаќините.