Шпански судија работел како пластичен хирург и унаказил повеќе од 50 жени! (ВИДЕО)

Шпанскито судија Цезар Новел, кој работи и како пластичен хирург, се наоѓа во голем проблем. Повеќе од 50 жени го пријавиле дека не ја извршувал својата работа како што треба и тие имаат трајни физички и психички последици по операциите во неговата клиника во Валенсија.

Новал неколку години суди како помошник судија во Ла Лига, а минатата сезона беше префрлен во втората шпанска лига, откако се појавија негови фотографии со некои фудбалери.

Повеќе од 50 жени сега ја критикуваат и неговата професија по искуствата во болницата во Валенсија, а некои од нив покажаа како изгледаат по операциите.