Шокантни сцени во Судан: Навивачи претепаа судија! (ВИДЕО)

Ужасни сцени пристигнуваат од Судан, кадешто навивачите успеале да влезат на теренот и да го нападнат судијата.

Ал-Мереик го пречекак Хилал Ел Обиед во мечот од второто коло за плејофото за шампион на Судан, но работите тргнаа во погрешен правец кога судијата исклучи еден фудбалер од домашниот состав.

Незадоволните навивачи влегоа на теренот, а набрзо успеаа да го фатат судијата, кој се обиде да избега кон соблекувалната.