Севилја со интересна објава ја насмеа цела Европа (ФОТО)

Севилја со денешниот пораз од Жирона со 0-1 дополнително си ја закомплицира борбата за топ-4 во шпанската Ла Лига и пласман во Лигата на шампиони.

Клубот од Андалузија остана на петтото место со 55 бодови, колку што има и четвртиот Хетафе, кој гостува кај Реал Сосиедад.

Поради нивниот денешен кикс, администраторите на профилот на Севилја на Твитер решија да се пошегуваат на сопствена сметка.

Тие објавија статус во кој отворено ја прашуваат Премиерлигата дали може да им припадне четвртото место во првенството доколку никој од тимовите не го сака.

„Ако никој од вашите тимови не сака да заврши во топ-4, можеме ли ние? Тоа би ни го направило животот многу полесен“, пишува на профилот на Севилја.