Северна Кореја дава 100 милиони фунти на Манчестер за да го купи Роналдо! (ВИДЕО)

Последниве два дена низ светот се рашири веста дека врховниот водач на Северна Кореја, Ким Џонг Ун бил навивач на Манчестер јунајтед и, нормално, креативците на социјалните мрежи не чекаа за да направат свои продолженија од ова.

Многу интересно е видеото од севернокорејски вести, на кои спикерката, божем, соопштува дека Ким Џонг Ун ќе земел до буџетот на државата 100 милиони фунти и ќе му донирал на Манчестер за да го купи Кристијано Роналдо.

Други, пак, ги исцртаа целните точки на мапата на Англија, пресметувајќи колку се оддалечени од Пјонг-Јанг и од ракетите на Ким Џонг Ун