Секси Сузи се соблече и предвиде: Челси - Барселона 0-6! (ФОТО)

Една од најголемите обожавателки на Лионел Меси, Бразилката Сузи Кортез, даде своја прогноза на осминафиналниот меч од Лигата на шампионите меѓу Челси и Барселона.

Секси Сузи вели дека натпреварот ќе завршел 0-6, се разбира, овој првиот во Лондон, што ќе се одигра на 20 февруари. Згора на тоа, сите шест гола ќе ги постигнел нејзината неостварена љубов - Лионел Меси. Ова го објави на својот профил на Инстаграм, соблечена гола, но обоена на гола кожа во дресот на Меси.

Сузи Кортез е бразилска атракција, која беше прогласена за Мис Бум Бум, титула што ја добива Бразилката со најатрактивни облини. Долго време јавно му изјавува љубов на Меси, но тој, некако не ја есапи.