Се тресе Амстердам: Илјадници навивачи ја слават двојната круна на Ајакс (ВИДЕО)

Ајакс ја воодушеви Европа со својата храбра и прекрасна игра, која за малку ќе им донесеше финале во Лигата на шампиони.

Ајакс беше на чекор до пласман во финале во елитното натпреварување, но на мечот со Тотнем нивните надежи ги урна Лукас Мура во последните секунди.

Сепак, тимот од Амстердам постигна голем успех, па освои двојна круна, односно го кренаа трофејот во Купот и во домашното првенство.

Денеска во Амстердам се слави двојната титула, а на улиците има излезено илјадници поддржувачи на Ајакс.