Се јави изгубеното момче од Шкотска: Во ред е, патува дома!

Шкотскиот навивач Џејмс Меклахлин, кој се изгуби минатата ноќ во Скопје е жив и здрав и се враќа кон својата татковина.

Брат му на Џејмс, Конор, кој бил заедно со него за време на екскурзијата во Скпоје, сподели смирувачка вест.

„Имаме новост, Џејмс контактираше со нас и сега патува кон дома. Ви благодарам на сите за помошта“, напиша Конор на својот профил на Фејсбук.

Тој беше човекот кој ги крена на нозе социјалните мрежи соопштувајќи дека брат му го нема. Џејмс Меклахлин последен пат бил виден во Скопје утрово во еден часот по полноќ, а потоа не можеле да го контактираат. Утрово не се појавил за предвидениот лет назад, па затоа брат му побара помош преку социјалните мрежи.

И на Твитер и на Фејсбук се појавија стотици луѓе кои го споделија апелот и посакуваа се да биде во ред со момчето и на крај нивните желби се остварија. Засега нема детали што се случило со момчето, каде и зошто исчезнало и го пропуштило авионот за назад.

Џејмс и неговиот брат беа дел од група шкотски навивачи кои дојдоа во Скопје за мечот меѓу Шкупи и Глазгов Ренџерс (0-0), реванш од првото квалификациско коло во Лига Европа.