Сакаше да изведе „паненка“, па се посрамоти за сите пари! (ВИДЕО)

Лионел Меси вечерва во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампиони ја носи Барселона кон триумф против Лион, откако го постигна првиот гол на мечот со „паненка“ од пенал.

И во Англија се обиде еден фудбалер да го ископира Меси, но фудбалерот на Свонси, Берсант Селина не успеа во својата намера.

Селина имаше шанса од пенал во 39. минута да погоди за израмнување против ВБА, но тој се посрамоти за сите пари.