Руси и сè е можно: Навивач скокна во базен за да натепа ватерполист (ВИДЕО)

Во Русија очигледно сè е можно, па дури и навивач да скокне во базен за да натепа ватерполист. Видеото кое се појави стана вистински хит по социјалните мрежи и ја покажа сета можна лудост на спортските терени.

Сè почна со вербална војна помеѓу човекот и ватерполистот, кој пак со топка ја погоди жената која стоеше, што беше искра за навивачот да тргне во физичка пресметка. И тоа го направи со карате потег. Со две нозе рипна кон ватерполистот и го „уби“. Па следеше пресметка во водата, па интервенција од другите за ватерполистот да не го „удави“ навивачот.