Ростов го избрка директорот на стадионот поради непримерна фотосесија на модели

Рускиот фудбалски клуб Ростов, каде член е македонскиот младински репрезентативец Давид Тошевски го избркал директорот на стадионот „Ростов Арена“ поради фотосесија на манекенки, која делувала како порнографска содржина.

Според договорот, на стадионот требало да се сликаат девојки во костими за капење, но наместо тоа, ги сликале по долна облека, па фотографија се појавила на интернет и социјалните мрежи и раководството, проценило дека „фотосесијата ги надминала границите на нормалмалното“ и дека сликите повеќе наликуваат на порнографија.

Засега не е познато која локална компанија ја направила сесијата, а од Ростов најавиле дека на сите начини ќе се борат сликите да не излезат во јавност, иако се појави една, зашто акцијата го нарушувала угледот на клубот. Фотосесијата била направена во септември, а освен една слика, останатите засега се далеку од очите на јавноста.

Директорот на стадионот, Павел Гавриков, пак, ќе мора да си бара друга работа откако добил отказ.

Инаку полуголи модели се сликале на трибините и на теренот на стадионот кој беше изграден за Мундијалот што се одржа пред две години во Русија.